Можеме да потврдиме дека Европската комисијата денеска го усвои новиот 19-ти пакет санкции кон Русија, информира на денешниот редовен прес брифинг главната портпаролка на ЕК, Паула Пињо.

Пињо нагласи дека повеќе детали за пакетот санкции ќе соопшти претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен во изјава што ќе биде објавена попладнево.

Според претходните најави, мерките во 19-от пакет санкции кон Русија, како реакција на руската агресија врз Украина, ќе бидат насочени кон тргувањето со крипто валути, банките и енергетскиот сектор. 

Фото: Архива