Еурека… свикаа Филипче и Заев и по 8 години јавно-обвинителски вакуум и двајца октроирани, насадени државни јавни обвинители избрани и раководени од нив, СДС-овските „лидери“ (еден чувар на тронот, другиот вистински) наеднаш се свестија  и се сетија како требало да работи Државниот јавен обвинител?

Во денешната реакција на СДС по вчерашниот владин предлог за Државен јавен обвинител да биде непартискиот професионалец, без дамка на кариерата судија Ненад Савевски, на Бихаќка „ничим изазваним“  им „светна“ дека Републичкиот обвинител, замислете,  требало да биде независен?! Па поведени од невиденото откритие срочија:

„ Очекуваме пред сè независност, стручност и непристрасност. Да постапува по закон, да гони криминал без разлика кој стои зад него и да покаже дека обвинителството не е инструмент на власта, “ порачаа и се сетија до СДС како треба да функционира еден републички јавен обвинител. Уште поважно е што ова ова доаѓа од експерти за тоа како не треба да дејствува еден јавен обвинител, со огромно искуство на ова поле.

Чудно, зошто кога знаеле како треба, тоа истото самите не го направија при изборот на Јовески и Коцевски, марионети на власта на СДС кои придонесоа за довербата од 1 до цели 2 насто во оваа есенцијална институција.

Зошто тоа истото не го практикуваа ниту со своите „на јаженце“ врзани обвинители од СЈО, Ленчиња, Катици, фатимиња, та и оние од ЈО, Вилми, Лилиња, Бубевчиња ли?

Можеби, пак,  мислат дека ако признаат, половина ќе им се прости. На пример, ако дел од врхушката треба да оди 20 години во затвор, ќе добие „само“ 10, поради тоа што го пофалиле новиот обвинител на стартот и кажале дека „знаат“ како требало?

Бадијала трудот на фатените со рачињата во медот. Стравот е дека ќе ги отвори случаите за висока корупција кои неговите двајца  претходници ги криеја по фиоките во ЈО. Статива. Таксират, башка.

Како беше она вашето ступидното, „Че си лежите“ ли беше?

Да, ќе си…

П.С: Туку, каде ви е вистинскиот, црпнат лидер? Чуму не е во Македонија? Онака, за другарче прашуваме, пишува Курир.

Извор: Курир