Репрезентациите на Белгија, Италија, Русија и на Полска неколку кола пред крајот на квалификациите изборија пласман на Европското првенство 2020 година.
Белгија и Русија на две кола пред крајот ги обезбедија првите две места во И-групата.
Италија, иако до крајот има да одигра уште три натпревари, го обезбеди првото место во Ј-групата.
На две рунди до крајот во Г-групата, Полска е сигурна на едно од првите две места.
Европското првенство ќе се одржи во 12 града во исто толку држави ширум континентот во периодот 12 јуни – 12 јули 2020 година.
Жрепката е закажана за 30 ноември во Букурешт.