Поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони им кажа на „росо-нерите“ што да направат за да се вратат на старите патеки.

– Што треба Милан да се врати на своето поранешно величество? Сè е многу едноставно: треба да го вратите Силвио Берлускони. Мојата Монца би го победила денешниот Милан со резултат 3:0, изјави Берлускони.

Тој реагираше на зборовите на сегашниот извршен директор Иван Газидис дека ако не беше доаѓањето на Менаџмент Елиот, росонерите ќе банкротирале и ќе завршеа во Серија Д.

– Газидис не треба да го каже тоа. И, ако му е тоа неопходно д аго стори, тој треба да оди во тоалет, да ја затвори вратата и оваа глупост да ја каже таму, вели Берлускони за „Газета дело Спорт“.

Сега Берлускони е сопственик на клубот Монца, кој води во Серија Ц, додека Милан е на 13. место во Серија А.