Домаќинот на ЕВРО2024 Германија ја забележа втората победа во групата А, совладувајќи ја вечерва во рамки на второто коло Унгарија во Штутгарт со 2-0.

Стрелци на головите беа Џамал Мусијала во 22 минута и Гундоган (67), кој асистираше при водечкиот гол.

Со својот втор триумф Германија е првата репрезентација која обезбеди пласман во осминафиналето.

Второто коло во групата А ќе се комплетира вечерва по одигрување на дуелот меѓу Швајцарија и Шкотска.