За помалку од пет часа се продадени сите билети кои УЕФА и ги додели на Хрватска за нејзини навивачи на стадионот „Паркен“ во Копенхаген за натпреварот од осминафиналето против Шпанија

Продажбата на билетите за „хрватскиот сектор“ на стадионот во Копенхаген започна денеска во 11 часот, а околу 15 часот се распродадени сите расположливи билети, објави попладнево Хрватската фудбалска федерација, најавувајќи голема поддршка од трибините за „коцкестите“ за натпреварот против Шпанија, на 28 јуни од 18 часот.

Победникот во четвртфиналето за противник ќе го има поуспешниот од натпреварот меѓу актуелниот светски првак Франција и Швајцарија.