Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер ги прави последните подготовки за премиерното издание во новата сезона во  ракометнатаЛига на шампиони.

Норвешки Колштад прв ќе ја почувствува атмосферата во битолата сала „Боро Чурлевски“, која по неколкумесечната реконструкција доби нов лик. Пелистерци вечерва го одработија последниот тренинг пред дебито во овој формат на Лигата на шампионите.

Проблемите со повредите се минато, што значи дека тренерот Александар Јовиќ и неговите соработници на располагање ќе ги имаат сите ракометари и во полн состав ќе го нападнат ѕвездениот тим од Норвешка.

Пелистерци играа променливо во подготвителните натпревари, а по поразот во Суперкупот од Вардар, овој дуел ќе им голема можност да докажат дека се на вистинскиот пат. Натпреварот меѓу македонскиот и норвешкиот шампион се игра во среда со почеток од 18:45 часот.