Телевизијата Еуроњуз емитуваше прилог за загадувањето во Европа при што беше констатирано дека Македонија е најзагадена земја во Европа.
,,Загадувањето на воздухот се нарекува невидлив убиец, алармираат здравствените организации . Европската агенција за животна средина објави извештај дека 500.000 смртни случаи годишно може да бидат поврзани со токсичниот воздух што го дишеме. Според нивните наоди, тоа е главната причина за предвремена смрт во 41 од европските земји. Загадувањето, исто така, и според извештаи на Светската здравствена организација (СЗО) е причина за зголемување на бројот на смртни случаи и болести кај децата поврзани со слабиот квалитет на воздухот“, известува Еуроњуз.
Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја потсети власта што ветуваше пред да дојде на власт.
,,Ветуваа чист воздух, а добивме држава со најзагаден воздух во Европа, луѓе кои го губат здравјето поради неспособноста на власта да испорачаат резултати. Ноември 2017-та година Зоран Заев и неговите градоначалници ветуваа чист воздух, година потоа, ноември 2018-та година, епилогот е Скопје и неколку други града од државата на црните билтени во Европа по најзагаден воздух. Уште едно фијаско, уште еден срамен и болен неуспех на власта кој овој пат се плаќа со здравјето на граѓаните, вели Мицкоски.