На норвешкиот крузер „Викинг скај“ му откажал мотор во водите во близина на западниот брег на Норвешка, по што во тек е акција на спасување на 1.300 лица, соопшти локалната полиција.
Поморската спасувачка служба информираше дека бродот пловел кон копно кога испратил сигнал за помош.
Спасувачки хеликоптери и бродови се упатија кон подрачјето каде се наоѓа крузерот, додека на копно се направени подготовки за прифаќање на евакуираните патници.