Брус Вилис, и неговата сопруга Ема Хеминг после 10 години брак одлучиле да ги обноват заветите.
Една од гостите била и бившата сопруга на Брус Вилис, Деми Мур, што многумина пријатно изненадило, бидејќи по кој знае кој пат покажале дека луѓето после развод можат да останат пријатели.

Освен Деми, на венчавката присуствувале и трите ќерки на глумецот од бракот со Мур, а со Ема, Брус има две.


Парот не го криел воодушевувањето поради интересниот гостин, а додека приоѓале на масата,неговите најмлади ќерки, Мабел Реј и Евелин Пен фрлале цвеќе на нивниот пат, додека во позадина пеела неговата најстара ќерка Рамер.
Во присуство на најблиското семејство и само неколку избрани пријатели, Брус и Ема повторно се заколнале на вечна љубов.

Деми Мур, со која Брус Вилис бил 13. години во брак, присуствувала и на нивната прва венчавка заедно со тогашниот сопруг Ештон Качер.