Иако луѓето секојдневно се сретнуваат со нејзиниот пронајдок, името Мери Андерсон денес на малкумина им е познато.

Имено, оваа успешна деловна жена од Алабама ги измислила бришачите за шофершајбна кон крајот на осумдесеттите години на 19 век.

Во тоа време, вообичаениот начин за чистење на шофершајбната подразбирал запирање на возилото и рачното бришење.

Мери Андерсон имала сопствена компанија за изградба на станбени згради и населби. На почетокот на 1900 година, во посета и дошла болната тетка.

Со себе носела 17 големи, тешки куфери, кои Мери ги отворила дури по смртта на тетка и. Мери во нив нашла куп накит и злато , што значително ја подобрило нејзината финансиска состојба. Дел од парите ги искористила за да го посети Њујорк, зимата 1902 година.

Возејќи се во трамвај еден студен, снежен ден, забележала дека возачот постојано го запира трамвајот и излегува за да ги исчисти предните стакла. Мери дошла на идејата како стаклото  да се исчисти од внатрешноста на возилото.

Истиот ден, таа направи нацрт за гумен брисач, кој возачот можел, без да го напушти возилото, да го движи рачка, односно лост. Механизмот го држел брисачот до стаклото, цврсто припиен.

Нејзиниот пронајдок, кој бил патентиран во 1905 година, бил наменет за трамваи, а не за автомобили, бидејќи тие во првите години од 20-от век биле отворени. Кога паднѓал дожд или снег, останувале во гаража.

Мери Андерсон немала многу ќар од својот патент за време на нејзиниот живот. Обидите да го уновчи правото за производство на бришачи, биле генерално неуспешни. Единствениот приход што го остварила од својот патент, била еднократната провизија за пренесување на правото на производство за одреден период, но условите беа многу неповолни за неа.

Нејзиниот пронајдок првично нашол остри критики, па дури и на потсмев. Многумина сметале дека бришачите на шофершајбната го одвлечуваат вниманието на возачот додека вози.

И пронајдокот на автоматските електрични бришачи на шофершајбна и се припишува на една жена – Шарлот Бриџвуд од Њујорк. Таа го патентирала својот тип на брисачи во 1917 година, но тој веднаш не постигнал комерцијален успех.

„Кадилак” ги прифати електричните брисачи крпи како стандардна опрема дури во 1922 година. Возењето кога врне дожд беше побезбедно, но еден проблем остана да ги нервира возачите – бришачите работеа без пауза, без прекин. Вистинското решение дојде во 1963 година со Роберт Кернс, професор по мешинство на Универзитетот во Детроит.

Развојот на електрониката што сега се користи кај возила од средна и повисока класа отиде толку далеку што сега бришачите се активираат само ако регистрираат капки од дожд или снегулки на шофершајбната.