Тајфунот Муифа синоќа го погоди источниот брег на Кина и предизвика превентивна евакуација на повеќе од еден милион луѓе.
Муифа е најсилниот тајфун од 1949 година, што го погоди најбројниот кинески град, Шангај, со население од 25 милиони луѓе.
Поради опасност од поплави или штети на домовите евакуирани се 400.000 Шангајци, како и 1,26 милиони жители на соседната покраина Жеџијанг.
Поради тајфунот откажани се 665 летовите од двата аеродрома во Шангај.
Муифа се движи кон север, долж брегот на источна Кина, во моментот се наоѓа со провинцијата Џиангсу, северно од Шангај.