Аеродромот во Хамбург во Германија е целосно блокиран, ниеден авион не слетува ниту полетува, јави агенцијата ДПА.
Портпаролката на аеродромот Стефани Хардер изјави дека на сите патници им е соопштено да го напуштат терминалот додека техничарите не го отсранат проблемот. Таа додаде дека не знае поради што голем дел од аеродромот е останат без струја и дека смета оти причината е електричен спој.
Аеродромот во Хамбург е петти по големина во Германија, а во недела од овој аеродром во просек полетуваат или слетуваат 200 авиони, наведува Асошиејтед прес.
Станува збор за аеродром во вториот најголем град во Германија, кој е исклучително прометен. Евакуацијата почнала претпладне околу 10 часот.
Годишно низ овој аеродром минуваат 17 милиони патници.