Зошто во првото напишано Евангелие, Евангелието по Марко, ја нема приказната за раѓањето на Исус и зошто тоа завршува со осмиот стих осум, а во него воскреснатиот Исус не се појавува никому?
Денес за никого не е спорно дека Евангелието по Марко е најстаро од тие во Библијата. Доказите се прилично јасни, а еден од најсигурните е дека и во Евангелието по Матеј и во Евангелието по Лука ќе најдете препишани делови од Марко – некогаш буквално, некогаш со мали измени, некогаш со поголеми.
Друг доказ за научниците е фактот дека Марко всушност се чита како прва верзија на животот на Исус, како своевиден нацрт. Матеј и Лука се читаат како нивните автори да имаат на ум поголем план. Марко се чита како некој да трчал да стави се што може на хартија, што е можно побргу, да создаде нацрт, врз основа на кој потоа ќе се раскаже приказната.
Еванглието по Марко е пократко од другите и во него нема некои од приказните кои ги има во другите евангелија. На пример, кај него ја нема приказната за раѓањето на Исус. Нема Божиќ. Можно ли е тоа? Можно ли е да го почнете Новиот завет без да го имате во него Божиќ?
Но, тоа пто е посебно интересно е дека кај првиот, оригиналниот Марко, има само неколку редови за воскреснувањето.
Марија пристигнува кај гробницата, гробот е празен и…? И тука приказната завршува. Исус не се појавува.
Ваквиот несфатлив крај бил неприфатлив за некои подоцнежни христијани што сметале дека на Евангелието мора да му се даде вистински крај со вистински заклучок. Така се дошло до повеќе завршетоци на Евангелието по Марко. Ако ја отворите Библијата, ќе видите дека последната глава од Евангелието по Марко има 20 стиха. Но, многумина научници сметаат дека оригиналната верзија на Евангелието по Марко ги има само првите осум стиха од оваа последна, 16-та глава. Марија Магдалина, Марија Јаковова и Саломија со купените мириси одат во неделата наутро да го помажат Исуса. Попат, разговараат како да го тргнат каменот кој е многу тежок. Имено, гробниците се затворале со тежок, тркалезен камен, а од страните на гробнициата се правеле своевидени камени шини по кои каменот можел да биде истркала и вратен назад (слика подоле):
Но, кога доаѓаат до гробницата гледаат дека каменот е на страна, влезот е отворен (стих 4). тие влегуваат внатре, гледаат млад човек, облечен во бели алишта, како седи од десната страна и тој им вели: „Не бојте се! Вие Го барате Исуса Назареецот, Распнатиот. Он воскресна, не е овде. Еве го местото каде што беше положен. Но одете, кажете им на учениците Негови и на Петра, дека Он пред вас ќе отиде во Галилеја; таму ќе Го видите, како што ви беше рекол.”
Но, Марија Магдалина и дргите две жени опфатени од страв и ужас од сцената бегаат и никому не кажуваат. И тука приказната завршува. Исус не се појавува. Имаат збор на младиот човек, Исус не се појавува, тие уплашени никому не кажуваат. Тоа е крајта. Тоа е првото Евангелие. Тоа е формата во која се наоѓа оригиналниот, најстариот и најверодостоен манускрипт на Евангелието по Марко. И тој завршува со делот 16 точка 8.
Се разбира, ваквиот несфатлив крај бил неприфатлив за некои подоцнежни христијани: Исус го нема, Петар и другите не дознаваат за воскресението? Никој не дознава? Па како тогаш ние знаеме? И, некој ги додава останатите 12 стиха. Тие подоцна се копираат како што се препишува Евнагелието и така доаѓме до денешната верзија.
Се разбира, сведоштвата за воскресението веќе постојат во писмата Павле кои се напишани пред првото Евангелие, а се јавуваат и во евангелијата по Матеј и Лука, кои веројатно за извор го имале Евангелието на Марко со само осум стиха во последната глава.
Но, како што рековме, Евангелието има и подолг крај. Тоа е денешниот крај со 20 стиха во последната глава, од кои 12-те последни се додадени подоцна.
Тоа што е најинтригантно е дека токму во деветиот стих, Исус прво и се јавува на Марија Магдалена (А Исус, кога воскресна во првиот ден од седмицата, ѝ се јави најнапред на Марија Магдалина, од која беше истерал седум демони), податок кој создава многу приказни во подцнежните векови, вклучувајќи ја и приказната за нивниот брак и тоа дека Светиот грал е всушност нивниот потомок.
Марија оди и им јавува на другите, тие не и веруваат. Исус им се јавува на двајца кои одат по пат, тие им кажуваат на аапостолите, но и ним не им веруваат. И најпосле, Исус им се јавува на единаесетмината. Тоа се последните седум стиха: „Најпосле им се јави на единаесетте, кога беа на трпеза, и ги укори за нивното неверие и жестокосрдечност, зашто не им поверуваа на оние, кои Го видоа воскреснат. Па им рече: „Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание.
Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден. А знаците, на оние што ќе поверуваат, ќе им бидат овие: со Моето име ќе истеруваат бесови; ќе говорат нови јазици; ќе фаќаат змии и ако нешто смртоносно испијат, нема да им навреди (овој дел е најспорен за научниците); на болни ќе полагаат раце и тие ќе оздравуваат.”
И по разговорот со нив, Исус се вознесува на небото и седнува од десната страна на Бога, а апостолите тргнуваат низ светот.
Тоа е верзијата што ние ја имаме денес.
Но, некои копии од Евангелието имаат и подолга верзија од ова, а која среде додадените 11 точки го вклучува и ова:
„Ова е време на беззаконие и неверување и ова време е под власта на Сатаната, кој не дозволува вистината и моќта Господова да надвладеат над нечистите нешта во нашиот дух. Затоа сега откријте ја својата праведност – така тие му се обратија на Христа. А тој им одговори: Години беа исполнети со моќта и власта на Сатаната, но други ужасни работи се приближуваат. И за оние што згрешија, јас бев предаден на смртта, за да и се вратат на вистината и да не грешат повеќе, за да ја наследат духовната и непробојна слава на праведноста што е на небото“.
Постои и четврта верзија од оваа најдолгата, која завршува таму каде Марко запрел со точка осум, но потоа следи следното уште неколку стиха.
Сепак, важно е да се запамети дека Марко е најраното евангелие, но не и најраното забележување на воскресението. Евангелието по Марко е напишано децении по првото Послание на Павле до Коринтјаните каде Павле нуди изворна приказна и сведоштва за воскресението. По упокојувањето и погребувањето на Исус, Павле напишал:
„Тој му се појави на Кифа (Петар), а потоа и на 12-теммина. Потоа им се појави на повеќе од 500-тини браќа и сестри, многу од нив се уште се живи, а некои умреа. Потоа му се појави на Јаков, потоа на сите апостоли.“
Павле го напишал Посланието веројатно 20 години по распнувањето на Исус, и иако тој никогаш не се сретнал со Исус, ниту бил сведок на настаните, тој се сретнал со сведоците. Клучно тука е дека тој на Коринтјаните не им кажува ништо ново, ништо што тие веќе не го чуле. Тоа е нешто во што христијаните веќе верувале (можете да читате „веќе знаеле“) децении пред Марко да седне и да ја напише првата верзија на Евангелието.
Поинтригантна е теоријата дека Евангелието по Марко, односно неговата оригинална верзија го вклучува и подолгиот крај, но дека таа верзија едноставно се загубила, односно се загубиле точките после стихот осум. Ако знаете барем малку за тоа како и на што се пишувало во приот век од нашата ера, ова ќе ви изгледа многу веројатно и можно. Имајќи предвид дека три четвртини од Евангелието по Марко се препишани од Матеј и Лука и дека останатато е препишано кај едниот или другиот, тогаш може да се каже дека изгубениот крај од Евангелието по Марко всушност го имаме кај Матеј и Лука.
Но, има и друга линија на размислување за тоа како завршува Евангелието по Марко – таа е потешко научно да се пласира, но е позабавна бидејќи не води кон Кодот на да Винчи.
Фред Кларк