Внуката на Јосип Броз Тито, Саша Броз, упати честитка за роденденот на својот брат, кого јавноста нема можност често да го види.
– Среќен роденден Андреј, запомни имаш најдобра сестра на светот. Те сакам, напиша внуката на Тито и сподели фотографија на Инстаграм. Таа откри дека внукот на Тито го прославува својот 46-ти роденден.
Инаку, Андреј дипломирал на Универзитетот во Москва и работи како консултант. За разлика од постарата сестра на Саша, Андреј е многу малку познат на јавност и ја чува својата приватност.
Со неговата сестра е многу близок, а таа претходно објавуваше некои нивни сеќавања од детството. Во една прилика откри што му подариле на Јосип Броз Тито за Новата 1978 година.
– Оваа фотографија, јас и брат ми му ја подаривме на дедо во 78-та Нова Година. Таа беше во голема стаклена рамка, која мајка ми ја донесе од Италија. Ја стави на неговото биро во кабинетот на Бриони. На почетокот на 1990-тите години таа исчезна. Односно некој „позајмил”. Се надевам дека почитувачот на ликот на брат ми и мојот лик редовно ја расчисти прашината од неа и дека му се согласува со гарнитурата – напиша таа.