На социјалните мрежи се појави видео од изведба на песната:„Распукала Шар Планина“ од Зарина Првасевда. Таа со песната сака да ја подигне свеста за потребата на заштита и чување на планините.

-По повод веста за најмалку 600 хектари запалена, исечена или оштетена шума на Шар Планина а дополнително колку многу штета нанесена на природата со пожарите што дивееја насекаде низ државава, со загадувања заради човечки фактори т.е расфрлани отпадоци ( хартија, пластика, отпушоци и сл.) ВИ СЕ ОБРАЌАМ СО АПЕЛ на јазикот кој налесно го говорам, песната, а пак со видеово како нагледно средство за да видите што уништувате, па можеби и ќе ви се нажали …
Другари, и требаме на Шара, Галичица и Баба ..и требаме на природата а и таа нам! Ајде да се обидиме сите, секој тргнувајќи од себе особено кога никој не не гледа свесно да ракуваме со неа, подадете ми рака и отворете срце заеднички и со многу љубов да го зачуваме и гаиме најубавото и најдрагоценото што бесплатно го добиваме во ова мало парченце земја! А во меѓувреме, појачајте тон, насмевнете се и размислувајте на која тура ќе ни се приклучите за заедничка радост, насмевки и песна- напиша Зарина Првасевда на Фејсбук.

(Распукала Шар Планина над Караниколички езера 2469 м.н.в)