Во Холандија верата продолжува да опаѓа, а повеќе од една петтина од црквите се претворени во библиотеки, станови, канцеларии и други секуларни простори.

Оваа промена е дел од продолжувањето на секуларизацијата на земјата, која се одвива од 1800 година. Неодамна, поточно пред три години, две третини од Холанѓаните изјавија дека не веруваат во верски работи.

Од 6.900 црквени згради во земјата, една петтина од нив биле изградени пред 1800 година, што ги класифицира како национални споменици. Но, според „Д Таблет“, тие се претвораат во секуларни простори. Од зградите што биле изградени по тоа време, речиси една четвртина сега се користат за други цели.

Според холандскиот, протестантски весник „Trouw“, помалку е веројатно дека католичките цркви ќе се користат за други цели отколку протестантските.

“За римокатолици, црквата е света, а за протестантите е корисна”, објаснува весникот. “Како резултат на тоа, римокатолиците се повеќе се противат на давање на нивните цркви за други цели”.

Понатаму, католиците се чини дека се многу повеќе загрижени за тоа како нивните поранешни цркви ќе бидат повторно употребени.

Тие претпочитаат црквите да се користат повеќе за општествени и културни активности, а поверојатно е дека протестантските цркви ќе се претворат во станбени и канцелариски простори, пишува „Faithwire“.

Една од причините зошто католичките цркви се користат за општествени собири, а не како деловен простор е тоа што се работи за големи нео-готски катедрали кои се изградени по 1850 година. Тоа прави тие многу потешко да се користат за други цели.

Денес Холандија е позната како една од најнерелигиозните држави на планетата. До следната година се очекува дека дури неверојатни 72 проценти од Холанѓаните нема да претпочитаат ниту една религија.

Ова не е за изненадување, имајќи предвид дека во 2015 година 63% од населението изјавило дека религијата е повеќе зло отколку добро за држава.