Премиерлигашот Евертон ги осуди денеска своите навивачи, кои во четвртокот на првенствениот дуел на гостински терен против Челзи навредуваа еден од домашните фудбалери со хомофобични пораки.

– Таквото однесување е неприфатливо и не ги одразува вредностите на нашиот клуб и нашата широка навивачка база. Ние промовираме различност и инклузивност, и очекуваме од навивачите да се воздржат од какви и да е дискриминаторски скандирања, соопшти Евертон.

Ливерпул, градскиот ривал на Евертон, во август годинава, исто така, ги осуди своите навивачи поради хомофобични навреди насочени кон Били Гилмор, фудбалерот на Челзи, кој настапува како позајмен играч во Њукасл.