Бранителот на трофејот, репрезентацијата на Португалија е елиминирана во осминафиналето на Европското фудбалско првенство. Вечерва во Севилја, Белгија со минимални 1:0 беше поуспешна од Кристијано Роналдо и соиграчите од португалската репрезентација.
Победничкиот гол го постигна Торган Азар во 42. минута.
Во четвртфиналето, Белгија ќе игра со Италија на 2 јули на „Алијанц Арена“ во Минхен.
Претходно во текот на денот беше формирана првата четвртфинална двојка, Чешка – Данска (3 јули).
Утре продолжува ЕВРО 2020 со средбите Хрватска – Шпанија и Франција – Швајцарија.