Воведните натпревари (закажани за 12 часот) на годинашното издание на Вимблдон беа одложени за половина час поради дождливото време, објави на Твитер новинарот Хозе Моргадо.

Вимблдон е трет Грен слем во сезоната. Турнирот се одржува Лондон на трева и ќе трае од 28 јуни до 11 јули.

Во 2019 година, Србинот Новак Ѓоковиќ стана победник на машкиот турнир во сингл. Вимблдон беше откажан минатата година поради коронавирусот. Актуелна победничка во женска конкуренција е романската тенисерка Симона Халеп.