Репрезентацијата на Холандија вчера загуби од Чешка (0:2) во осминафиналето на ЕВРО 2020, пораз којшто може да го чини отказ селекторот Франк де Бур.

Многу членови на Фудбалскиот сојуз на Холандија с еразочарани од овој резултат, па Де Бур со голема веројатност ќе биде разрешен од функцијата, пишува новинарот Николо Шира.

Педесет и едногодишниот Де Бур ја презеде репрезентацијата на Холандија во септември 2020 година.