Голманот на Белгија, Тибо Куртоа се осврна на критиките насочени кон неговата репрезентација по синоќешниот меч од осминафиналето на ЕВРО 2020.

– Кога ќе ја победите Португалија, која има таква моќ во нападот, со резултат 1:0, сигурно знаете дека било тешко. Ние добро се браневме и докажавме дека критиката кон нашата одбрана е неоправдана. Слушнав дека нè критикувале. Сепак, ние продолжуваме, а тие веќе се дома. Натпреварите на ова високо ниво никогаш не се лесни. Немаме среќа што нашата половина од натпреварувачкото стебло е преполна со врвни екипи, но имаме квалитети што можат да ни овозможат да одиме понатаму. Треба да почекаме да видиме во каква состојба се наоѓаат повредените Кевин де Брујн и Еден Азар, а потоа да се подготвуваме за следниот предизвик, изјави Куртоа.

Белгија во четвртфиналето на ЕВРО 2020 ќе се сретне со Италија.