Патот за членство во ЕУ ви е отворен, а измените на Уставот нема да бидат драматични, вели амбасадорот, Дејвид Гир.
Тој уверува дека Брисел сака да ја види Македонија како полноправна члена на ЕУ.
– Што е однесува конкретно на измените на Уставот за вклучување на лицата кои се самоидентификуваат како Бугари, всушност тие промени нема да бидат драматични оттаму што ќе бидат само консолидација на и онака добрата оценка што ја ужива земјата кога станува збор за уредувањето на меѓуетничките односи, изјави евроамбасадорот Гир.
Тој денеска престојуваше во посета на Општина Дебрца.
Гир вели дека секоја држава го уредува Уставот согласно своите специфики, интереси, околности.
– Инклузијата на одредени заедници во Уставот не ги загрозуваат националните интереси на државата. Но, сепак, тоа е прашање што треба да го донесе самата држава, нагласи Гир.