Во Франција за европските избори, што се закажани на 26 мај, регистрирани се 33 листи, јави МИА.
Тоа е рекорден број на листи, а три од листите се од Жолтите елеци. Големиот број на листи е одраз на „ситење“ на политичката сцена во Франција, каде доминантни беа Републиката во движење и Националниот собир (поранешен Национален Фронт.
– Ова е всушност рекорд. Широкиот јаз помеѓу посакуваната Европа и тоа што е Европската унија… води до криза на политичката застапеност, што подразбира и низок одѕив на гласачите и ситнење на политичките партии. Оттука и бројот на листите, изјави политичкиот аналитичар Стефан Розес, професор на политички науки и претседател на консултантската фирма „Кап стратежи“.
Во 1999 година, на последните споредливи избори со една изборна единица беа поднесени 20 листи од 87 кандидати. Значи, в понеделник треба да има вкупно 2.607 кандидати за европски пратеници во Франција.
Според анкетите Националниот собир е со најголем рејтинг.