Намалувањето на испораките на природен гас од Русија ја принуди Европа да ги користи резервите подготвени за претстојната зимска сезона, пишува Блумберг.

Како што се наведува, падот на испораките ги погодило Франција, Италија, Австрија и Германија поради одлуката на „Газпром“ да ја прекине работата на гасните турбини на „Сименс“ поради проблеми со нивната поправка.

Агенцијата посочува дека залихите во европските подземни складишта за гас паднале за прв пат од средината на април.