Европскиот парламент синоќа соопшти дека ги прекинува преговорите со земјите членки за идниот повеќегодишен буџет на ЕУ за периодот од 2021 до 2027 година, по цена да го одложи планот за закрепнување од пандемијата на Ковид-19, вреден 750 милијарди евра.

– Европратениците ќе се вратат на преговарачка маса кога Советот, кој ги застапува земјите членки, ќе покаже вистинска волја за постигнување договор, се наведува во соопштението.

Портпарол на германското претседателство на ЕУ изрази жалење поради „пропуштената шанса“.

Шефовите на држави и влади на ЕУ се договорија во јули за седумгодишниот буџет во вредност од 1.074 милијарди евра.

Меѓутоа, ЕП бара значително поголем износ, кој на крајот ќе биде наменет за „15 главни програми“ на ЕУ. Но, одлуката за тоа прашање ќе биде донесена дури за неколку години.