Бугарскиот пратеник во европскиот Парламент, Андреј Петров Слабаков, ја обвинува Македонија дека „вршела геноцид врз Бугарите“ и „ако таа стане членка на ЕУ ќе биде нејзин тумор“.
Како што објави на Твитер дописничката на МИА од Брисел Тања Милевска, бугарскиот европратеник Слабаков рекол дека во Македонија се врши геноцид врз Бугарите и додал дека доколку стане членка, Македонија ќе биде тумор во пазувите на Европската унија.
Како што забележува дописничката, ова е јасен доказ колку се бесмислени изјавите на бугарските пратеници, кои ем навредуваат ем притоа ја обвинуваат токму Македонија за говор на омраза.