Европската комисија наметнува рекордна казна од 4,34 милијарди евра на Гугл.
Интернет гигантот добива нова парична казна поради злоупотреба на моќта со својот мобилен оперативен систем Андроид. Како резултат на тоа, според ЕК, Гугл е виновен за нелојална конкуренција.
Андроид е најважниот оперативен систем во Европа и во остатокот од светот. Во рамките на ЕУ, тој има пазарен удел од околу 80 проценти. Ова е затоа што на производителите им е дозволено да го користат бесплатно: тоа е софтвер со отворен код.
Казната е рекордна, но може да се напалти, зашто Гугла има 103 милијарди долари во готовина. Покрај тоа, овој случај се одвива со години, па групата можеше ова да го предвиди.
Комисијата доби жалба во 2013 година за злоупотребата на моќта на Гугл со апликацијата Андроид и оттогаш спроведе истрага, која конечно заврши со оваа пресуда.