Владата во Мали одлучи да го забрани емитувањето на француските државни медиуми, а Европската комисија тоа остро го осуди, јави дописничката на МИА од Брисел.

Откако пред неколку недели го протера амбасадорот на Франција, Мали од вчера забранува емитување на државните француски медиуми, односно радиото РФИ и телевизијата Франс 24.

Власта во Бамако смета дека овие медиуми шират лажни вести за активностите на војската. Спорот изби околу репортажа на наводни жртви на воените сили на Мали и на руската приватна воена група Вагнер.

Од Европската комисија денеска најостро ја осудија оваа цензура.

-Сметаме дека ова е неприфатливо. Жалиме поради оваа одлука и овие неоправдани обвинувања кои се напад врз слободата на медиумите, изјавија денеска од Европската комисија.