Велика Британија ќе испрати во Полска ракетниот систем Скај Сејбер (Sky Sabre) и околу 100 војници, изјави денеска министерот за одбрана Бен Валас при посетата на Варшава.

-Во Полска ќе распоредиме противвоздушен систем од среден дострел Скај Сејбер со околу 100 лица за да бидеме сигурни дека и даваме поддршка на Полска и дека го штитиме нејзиниот воздушен простор од каква било натамошна руска агресија, рече министерот Валас на прес-конференција.