Најавеното доаѓање на претседателот на Русија Владимир Путин на свадба на шефицата на австриската дипломатија Карин Кнајсел наиде на критика на пратеникот од Зелените во Европскиот парламент Мишел Рејмон и Украина.
Рејмон побара оставка од министерката Кнајсел, бидејќи го повикала Путин на својата свадба, не уважувајќи го објаснувањето дека свадбата е приватна работа, и дека Путин на неа ќе биде приватно.
– Тиранинот никогаш не е „приватен“, порача тој.
Рејмон вели дека австриската влада во ЕУ ја сметаат за продолжена рака на рускиот режим во Унијата и оти министерката со поканата на шефот на руската држава ја загрозува репутацијата на земјата.
Критиката стигна и од Украина, каде што претседавачката со надворешно политички одбор на парламентот Хана Хопко на Твитер напиша дека Австрија „од денес не може да биде повеќе посредник во Украина“.
Таа, во пораката истакна дека свадбената покана за Путин, иако се работи за приватна прослава, таа земја не може повеќе да се смета за неутрална.
На Фејсбук додаде дека шефицата на австриската дипломатија „им задала шлаканица на европските вредности“.
Министерството за надворешни работи на Австрија порача дека се работи за приватна прослава и лична посета, на основа на која не се менуваат надворешно политичкото позиционирање на Австрија.