Приходите во европскиот фудабал за прв надминаа 25 милијарди евра објави Дилојте бизнис спортска групација во својот 27. Годишен извештај.

Споредено со фудбалската 2015/2016 година забележано е покачување од 5 проценти благодарение на големата петорка, европски лиги кај кои добивката од 1,3 милијарди, во 2016/2017 скокнала до 14,7 милијарди евра. Во извештајот се додава дека овој скок не е само благодарение на „петорката“ но и на помалите шампионати, но кои напредуваат побавно отколку споредено со првенствата во Англија, Франција, Германија, Италија и Шпанија.

Шпанска Ла лига сега е втора најдобра лига во однос на добивката откако се постигна колективен договор за продажба на правата за преноси кој имал значителен придонес во приходот.

Дан Џонс, партнер на Дилојте коментира:„Економската ситуација во европскиот фудбал никогаш не била подобра и очекуваме да продолжи растот и интересот за европските лиги наредните години. Овој економски успех не само што ја одразува светската популарност за фудбалот, туку исто така и професионализмот на врвните клубови и силата на регулативата која ја создава средината во која тие работат“.

Ова, според Џонс, се гледа и во фактот што некои рефроми што ги презеде Шпанија придоенсоа Ла лига да ја престигне Бундеслигата. На пример Ла лига за прв пат бележи профит од 300 милиони евра.

Додека Премиер лигата се уште е на врвот со целосна добивка од 5,3 милијарди евра. Италијанската Серија А, пак, за прв бележи приходи од 2 милијарди евра.

Меѓу големата петорка се вмешуваат два големи шампионати – во Турција и во Русија со по повеќе од 700 милиони евра приходи.