Ковачевски, Груби и Маричиќ ја загрозуваат ЕУ интеграцијата на Македонија, и евроамбасадорот потврди дека го злоупотребуваат европското знаменце, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Системот на европско знаменце се користи кога ја усогласувате вашата легислатива со легислативата и стандардите на ЕУ. Не загрижува означувањето на законите поврзани со коридорите 8 и 10д со европско знаменце, со оглед на тоа што тука нема усогласување со стандардите на ЕУ, кажа евроамбасадорот Гир во изјава за медиумите.
Ковачевски, Груби и Маричиќ свесно го злоупотребуваат европското знаменце за да прават криминал и гласаат закони кои се и противуставни.
Владата на ДУИ поддржана од СДС само декларативно се залага за ЕУ, а всушност, ја злоупотребува евроинтеграцијата за да прави криминал, со што ја загрозува репутацијата на ЕУ во Македонија и влијае негативно кај граѓаните.
Владата на ДУИ поддржана од СДС свесно ги злоупотребува ЕУ и интеграцијата на Македонија вк Унијата. Народот тоа го гледа и за тоа ќе ги казни на следните избори.
Ги повикуваме амбасадите на земјите членки на ЕУ, Делегацијата на ЕУ во Македонија и Европската Комисија да ја повикаат владата да ги повлече законските измени со европско знаменце и да не го оцрнува процесот кој има за цел хармонизација на нашето законодавство со тоа на ЕУ, стои во партиското соопштение.