Европската агенција за статистика објави дека бруто заработката на жените во ЕУ за еден час е во просек 14,1 процент пониска од заработката на мажите.
Евростат констатира дека нерамнотежата во заработката меѓу жените и мажите е најголема во Естонија (21,7 отсто), Летонија (21,2 отсто), Австрија (19,9 отсто) и Германија (19,2 отсто).
На другиот крај од скалата, разликите се најмали во Луксембург (1,3 отсто), Романија (3,3 отсто), Италија (4,7 отсто) и Белгија (5,8 отсто).