Над 50 отсто од населението од Албанија биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, покажуваат податоците на Евростат за 2020 година.
Најтешка е ситуацијата во Албанија каде, според истите податоци, над 50 отсто од населението било во опасност од сиромаштија.
Податоците на Евростат се однесуваат на земјите-членки на Европска Унија, Европската економска област и земјите од Западен Балкан.
По Албанија со стапка од 51 процент и Црна Гора (околу 40 отсто), следат Турција (38%) и Македонија (околу 35 %) се во најголем ризик од сиромаштија.
Просечниот ризик од сиромаштија и социјална исклученост, според Евростат, е 21,9 отсто, што се однесува на 96,5 милиони луѓе.
Под ризик од сиромаштија се подразбираат домаќинства кои се соочуваат со тешка материјална и социјална ранливост, не можат да си дозволат одредени материјални работи или социјални активности или имаат многу низок интензитет на работа, ниво на образование и друго.