Жените во Албанија живеат во просек пет години подолго од мажите, потврдуваат податоците на Европската агенција за статистика Евростат.

Во сите делови на земјата Албанките живеат подолго од мажите. Она што се издвојува во податоците на Евростат е дека жените во централниот регион живеат подолго од оние во северниот и јужниот дел на земјата.

Поточно, во централниот регион животниот век на жените е за две години поголем, достигнувајќи 82 години, додека на југ е помал, приближно 79 години.

Дури и кај мажите, највисок животен век има во централниот регион, кој достигнува 77 години, додека најмал во јужниот дел – 74 години.

Според Евростат, повисок животен век кај жените е забележан во сите региони на ЕУ. Животниот век кај жените во ЕУ е 83,3 години, 5,4 години повисок од мажите, кој изнесува 77,9 години.

Во споредба со европскиот просек, животен век кај жените во Албанија е за 2,5 години понизок, додека кај мажите 1,5 година.

Фото: Архива