Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас го оствари најдоброто време на вториот тренинг на Големата награда на Кина.
Финецот извози најбрз круг пред возачот на Ферари, Себастијан Фетел кој доцнеше само 0,027 секунди.
Трето време забележа Макс Верстапен од Ред Бул со 0,221 секунда. Луис Хамилтон од Мерцедес беше четврти.
На првата тренинг сесија, Најбрз беше Фетел.
Главната трка од Шампионатот во Формула 1 во Шангај, Кина ќе се вози в недела со почеток во 8:10 часот по средноевропско време.