Џеј Би Бикерстаф е разрешен од тренерското место во Мемфис, објавено е на официјалниот сајт на НБ-лигата.

Бикерстаф дојде во Мемфис по отпуштањето на Дејвид Фицдејл во ноември 2017 година.

Оваа сезона Мемфис лигашкиот дел го заврши на 12. место на Западната конференција и не успеа да влезе во плејофот. Тоа беше пресудно менаџментот на клубот да се одлучи за разделба со тренерот.

Четириесет годишниот Бикерстаф во Мемфис го имаше првото искуство како главен тренер. Претходно работеше како асистент во Хјустон, Минесота и Шарлот.