Фармацевтската компанија „Реплек“ минатата недела преку аукција го продала земјиштето на маркетот Хубо од 4.000 метри квадратни на Орка Холдинг, дознава Фактор од неофицијални извори.
Според сознанијата на Фактор, зделката изнесува 92 милиони денари или 1,5 милиони евра.
На ова земјиште, кое се наоѓа до клиничката болница Аџибадем Систина, е обезбедена дозвола за градба на 40.000 метри квадратни површина над и под земја.
Според информациите на Фактор, Орка Холдинг на тоа земјиште планира да гради „Болница мајка и дете“, како и медицински факултет. Новата зграда ќе биде споена со клиничката болница Аџибадем Систина, дознава Фактор.
Опширно во текстот на Фактор на овој ЛИНК.