Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити си измислил бројка од 31,5 проценти, наместо досегашната околу 24 отсто-албанска заедница во Македонија, па одлучил дека отсега во секоја институција ќе треба да има толку рамковно вработени.
До бројката од 31,54 отсто министерот си дошол додавајќи ги во пресметката бројките од нерезидентното население од последниот попис и плус си додал уште два отсто од 7-те отсто административно попишани, со што фактички нпаравил фалсификат. Алити е министер од јануари годинава, кога неговата партија Алтернатива влезе во владејачката коалиција.
Според директорот на ДЗС, Апостол Симовски и податоците од него објавени по завршување на пописот, при изјаснувањето за етничка припадност, 58.44 % пороценти од населението се изјасниле како Македонци, 24.30 % проценти како Албанци, 3.86 % како Турци, 2.53 % како Роми, 0.47 % како Власи, 1.30 % како Срби и 0.87 % како Бошњаци и др.
61.38 % од попишаното население се изјасниле дека мајчин јазик им е македонскиот, 24.34 % албански мајчин јазик, 3.41 % турски, 1.73 % ромски, 0.17 %, влашки, 0.61 % српски и 0.85 % босански јазик.
Во рамките на Пописот 2021 беше овозможено македонските државјани кои живеат и престојуваат во странство повеќе од една година да се самопопишат преку веб-апликација која беше достапна на веб-страницата за Попис.
Оваа можност ја искористија 258 932 наши сонародници од кои 24.55 % се изјаснија како Македонци, 66.42 % како Албанци, 4.78 % како Турци и др. Оваа категорија граѓани не влегува во вкупното резидентно население на Република Македонија.
Но, според министерот за информатичко општество, состојбата е ваква: