Фановите на Џенова за време на натпреварот од втората рунда од првенството во Серија А против Емполи, во сеќавање на жртвите од падот на мостот „Моранди“ молчеа 43 минути.

Навивачите молчеа по една минута за сите 43 жртви, а потоа извикуваа Џенова, Џенова, додека на семафорот се прикажуваа имињата на жртвите од катастрофата.

Колапсот се случи на 14 август. Во времето на несреќата, на мостот имало повеќе од 30 возила.