Организацијата за храна и земјоделство на ОН соопшти дека глобалните цени на земјоделските производи во месец јули драстично опаднале, бидејќи сите главни трговски стоки забележале значителен пад, предводени од млечните производи и шеќерот.
ФАО ценовниот индекс на храната во просек изнесуваше 168,8 поени, 3,7 отсто под нивото во јуни, што претставува најголем пад на месечно ниво од крајот на минатата година. Индексот постојано се зголемуваше во 2018 година, се до јуни.
ФАО ценовниот индекс на млечните производи го предводеше падот, намалувајќи се за 6,6 проценти, при што цените на путерот и сирењето опадна побрзо од цените за полномасно и обезмастено млеко во прав, се наведува во соопштението на организацијата. Шеќерот опадна за 6 отсто, близу до три-годишното ниско ниво, главно поттикнато од подобрените изгледи за производство во Индија и Тајланд, двете важни земји за производство на шеќер.
Очекувањата за намалено производство во Бразил, најголемиот светски производител и извозник, го ограничија падот на меѓународните цени на шеќерот. Ценовниот индекс на житните култури пак се намали за 3,6 отсто од јуни и сега е под нивото од пред една година. Извозните цени за пченица, пченка и ориз се намалија, иако вредностите за пченицата и пченката се зголемија кон крајот на јули, се додава во соопштението.
Од ФАО, наведуват маслото од растително потекло бележи пад за 2,9 отсто, негов шести последователен месечен пад, а сега е на најниско ниво од јануари 2016 година. Дел од падот во јули беше поттикнат од слабоста на пазарот на соја, кој е под влијание на трговски спор помеѓу Кина и Соединетите Американски Држави. Вредностите на маслото од семе од репка пораснаа, поттикнати од зголемената побарувачка од производителите на биодизел и негативните изгледи на растителното производство во Европската унија.
ФАО ценовниот индекс на месото забележа пад од 1,9 отсто во однос на вредноста во јуни, која беше ревидирана во пресрет на повисоките извозни цени од Бразил поради штрајкот на транспортните работници, се посочува во соопштенито на Огранизацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации.