Европската комисија и обезбеди на Грција итна помош во висина од 37,5 милиони евра за решавање на проблемите со миграцијата.
Ова беше објавено од портпаролот на ЕК, Мина Андреева, на брифингот за медиумите во Брисел. “Европската комисија додели дополнителна помош од 37,5 милиони евра од Европскиот фонд за миграции и бегалци”, рече Андреева. Парите ќе бидат потрошени на прехранбени производи и лекови за мигранти, како и подобрување на условите за прием и контрола на мигрантите во Грција.