Фармацевт од струшкото село Подгорци починал од коронавирус, објави ТВ Сител.
Во соопштението до јавноста Фармацевтската комора известува дека починатиот е првиот здравствен работник во Македонија кој го изгубил животот од коронавирусот.
– Фармацевтската комора на Македонија со огромна болка и така соопштува дека на 27-ми мај згасна животот на нашиот почитуван колега дипломиран фармацевт Петар Мојсоски од с. Подгорци, Струга, стои во известувањето.