„Цените на лековите наскоро ќе бидат драстично намалени. Фармацевтските компании плаќаат реклами, огласи против мене како луди, зашто пониските цени значат помалку профит за нив. Кога ќе гледате лажни реклами, помислете на пониските цени на лековите.“

Ова го напиша американскиот претседател Доналд Трамп денеска на Твитер.

 

Претходно, односно пред 23 часа тој објави твит со слична содржина:

„Фармацевтските компании трошат милиони долари за реклами против мене, зашто ги намалувам цените на лековите за 50 отсто и повеќе. Бајден и Обама рекоа дека ќе го направат ова за осум години но никогаш не го сторија“.