Полицијата приведе 56-годишен маж во северозападна Германија под обвинение дека систематски со години труел свои колеги, од кои 21 завршиле фатално.
Се се дознало кога 56-годишниот маж бил уловен на безбедносните камери како става отров во јадењата на колегите, кои сфаќале дека нешто не е добро со храната кога веќе било предоцна.
Детали за него се уште не се соопштени, но обвинението е убиство и обид за убиство на колеги.
На видеа од безбедносните камери јасно се гледа како операторот истура некаков прав во храната на својот колега, а потоа со лабораториски тест било откриено дека тоа бил отров кој може да предизвика сериозни проблеми за телото.
Откако е наредна истрага во станот на обвинетиот полицијата во Билефелд пронашла отровни хемикалии како жива, олово и кадмиум.
Шокантното откритие по инцидентот е дека надлежните во компанијата откриле поврзаност на 21 смртен случај за последните 18 години. Повеќето од нив починалке од срцев удар или од рак.
Експертите заклучиле дека труењето со прашокот можело да предизвика болести кои завршиле со смртни последици.