Во камион кај првиот тунел на автопатот од Гевгелија кон Скопје завчера биле откриени 44 мигранти.
Како што е наведено во полицискиот билтен, завчера во 22 часот на автопатот Гевгелија – Скопје од страна на припадници на мобилната царинска единица било забележано товарно моторно возило „Ивеко“ со скопски регистерски табли и во координација со полициски службеници од Граничниот премин Богородица, се упатиле по него.
Кај првиот тунел во правец Гевгелија – Скопје возачот откако ги забележал, го сопрел возилото излегол од него и побегнал, како и во многу претходни случаи.
Во возилото биле пронајдени 44 илегални мигранти, од кои 10 од Сирија, 20 од Пакистан, 12 од Авганистан и двајца од Индија. Мигрантите биле задржани во Полициската станица за Граничен премин-Богородица за понатамошна постапка.