Тоа што нема да го чуете во извештаите на македонските телевизии од денешеното судење е навредата која Фатиме Фетаи и ја упати на Гордана Јанкуловска по изречената пресуда со која екс министерката е осудена на шест години затвор во случајот за набавка на блиндираниот мерцедес.
Имено, по објавата на пресудата, Фатиме Фетаи доби збор и побара на Јанкуловска да и се изрече и куќен притвор поради опасноста од бегство. При тоа, таа не пропушти со потсмев да ја навреди Јанкуловска, истакнувајќи дека од прислушуваните разговори произлегло дека хуманоста не е карактеристик а на Јанкуловска. Со тоа, Фетаи сакаше да се прикаже како хумана, како обвинителка која бара куќен, а не затворски притвор за Јанкуловска со оглед на изречената казна од шест години.
Еве што Фетаи кажа:
„…Досега изречените мерки на претпазливост не ја анулираат во целост опасноста од нејзино бегство…. Има бебе кое со ништо не е виновно за оваа ситуација која му е наметната од родителот, па наместо притвор ви предлагам чесен суде да изречете дополнителна мерка на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштетото. Иако имајќи ги предвид прислушуваните разговори не сум сигурна дека хуманоста како цивилизациска особина (би требало каракетеристика, н.з) е особина и на самата обвинета. Од тие причини …поради постоење на опасност и бегство ви предлагам да ја изречете наведената мерка на претпазливост.“
Судијката Добрила Кацарска го премолче овој излет на Фетаи, но затоа не пропушти да ја прекине бранителката на Јанкуловска, Сања Алексиќ кој веднаш потоа зеде збор. Еве како течеа наредните минути:
Сања Алексиќ: Предлогот на СЈО е неоснован и според одбраната понудените аргументи не даваат доволно причини судот да прифати уште една мерка на претпазливост кон обвинетата Гордана Јанкуловска. Имено, вредно е да се акцентира дека обвинетата уште на самиот почеток на оваа постапка знаеше која беше пропишаната затворска казна за ова кривично дело. Факт повеќе во оваа насока е што позицијата на обвинетата Гордана Јанкуловска во овој предмет е поинаква во смисла дека не очекуваше да слушне поинаква објава на пресудата од таа што денеска ја слушна. Имено, овој судски совет постапуваше и по претходната постапка…
Кацарска: Колешке…!
Алесиќ: Истакнувам наводи на противење…!
Кацарска: Пред се кога ве прекинувам и кога ви велам колешке треба да престанете со изнесување на наводите и да слушнете што судот има да каже. Не може да давате ваши наводи или образложенија околу изречената пресуда. Тоа можете да го пишувате во писмена жалба. И придржувајте се токму кон тоа. Судот ве праша да се произнесете околу наводите и исклучиво околу наводите за истакнатиот предлог…
Како што можете да забележите, Алексиќ веднаш беше прекината. Потоа, таа продолжи со своите наводи, следеше зборот на адвокатот Боро Тасевски кој, можеби иронично, и се заблагодари за хуманоста на Фетаи.
По ова судот даде пауза, по што го прифати предлогот на Фетаи.