Главниот американски имунолог, Ентони Фаучи, денеска апелираше до новоизбраниот претседател Џо Бајден „да ги затвори кафулиња што е можно побрзо, но не и училиштата“.

Индипендент, повикувајќи се на изјава што Фаучи ја дал за Еј-Би-Си Њуз, пренесе дека Фаучи запрашан како би ја советувал администрацијата на Бајден во борбата против пандемијата, кажал дека тоа не го зборува само колку нешто да каже, туку предупредува за затворање на кафулињата и оставање на училиштата отворени.

– Вие немате едно решение за сите можни ситуации, но како што реков претходно, децата треба да се вратат на училиште, со причина, рече Фаучи.