Руски воен авион Сухои 27 над Црно Море вчера пресретна американски извидувачки авион РЦ-135, соопшти рускиот Национален одбранбен контролен центар.

Според Центарот руските радари детектирале мета во меѓународниот воздушен простор над неутралните води на Црно Море.

Американскиот авион се движел кон рускиот воздушен простор, но успешно бил запрен од  Су-27.